Промени тема
Контакт

Нема ништо вонредно во „вонредното“ обраќање на Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26022022_PVRSM_Kovachevski_obrakjanje

Очигледно премиерските чевли на Ковачевски му се преголеми. Вака изгледа кога детски ќе се заигра човек со премиерската фотелја, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ништо вонредно до „вонредното“ обраќање на Ковачевски, бидејќи суштински ништо не кажа што презема владата во насока на заштита на граѓаните од претстојните кризи.

— реклама —

И додека Ковачевски се занимава со геополитика, народот е гладен и сиромашен. Од Ковачевски слушнавме само демагогија, а не конкретни мерки и чекори.

Ковачевски треба да објасни што ќе преземе владата за покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството. Само во година и пол струјата е номинално покачена за над 30%, а за одредени субјекти таа е поскапа и за 300-800%. Горивата исто така се драстично поскапени и за жал се уште ќе растат, а Владата на Ковачевски може да се откаже барем од дел од новите такси и давачки кои ги воведе во изминатите 4 години со цел да ја намали цената на горивата и со тоа да им помогне на граѓаните и компаниите.

— реклама —

Измерениот раст на инфлацијата од почетокот на годината изнесува 6,7%, што не само што го јаде стандардот и платите, туку отвора опасност од поголема инфлаторна спирала. И тука власта на Ковачевски не покажува никакви успеси. Индустриското производство е во пад, а цените на основните производи растат далеку побрзо од платите. За нешто повеќе од  година зејтинот поскапел за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Во Македонија имаме 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, а според меѓународни проценки над 35% од населението може да е во ризик од сиромаштија. Ковачевски за разлика од другите лидери во Европа не кажува што презел во насока на обезбедување на доволни стокови резерви, особено кога дел од земјите најавија дека ќе го ограничат извозот на животно битни ресурси.

— реклама —

И на крај драмата на Ковачевски не е ништо друго, туку гол ПР маркетинг. Ковачевски треба да ја сфати ситуацијата сериозно, а не со видевца да се релативизираат состојбите“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања