Промени тема
Контакт

Нема одговор од владата кој направил и како успеал да направи хибриден напад во државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.

— реклама —

Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.

— реклама —

Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.

Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.

— реклама —

Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.

— реклама —

Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.

Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања