Нема патни трошоци: Пратениците ќе гласаат од дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50251202706_7548b02781_c

Поради кризата со ковид-19, пленарните седници на Собранието се „преселени“ во салата со куполи, каде што полесно се одржува физичка дистанца меѓу пратениците, додека техничката влада во последните неколку месеци постојано заседаваше онлајн

— реклама —

Во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и да одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, соопшти новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.

„Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и да одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам дека не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено“,

— реклама —

изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Муцунски, по средбата, изјави дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.

„Едноставно, граѓаните треба да видат дали таа коалиција ги реализирала очекувањата од претходниот тригодишен мандат и тоа самото по себе ќе им даде одговор какви очекувања треба да имаат за истата влада. Јас мислам дека нема да има висока реализација на очекувањата. Нестабилното парламентарно мнозинство ќе значи дека на многу повисок степен ќе биде дневната политизација, отколку решавањето на тековните проблеми“, изјави Муцунски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања