„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема промена на Устав без промена на преговарачка рамка, тврди Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

Протоколот е дипломатски нокаут капитулација, ја отвори вратата за преговори Албанија, а ја подзатвори за Македонија, бидејќи како што и самата Генчовска кажа, вистинската меѓувладина конференција нема да се одржи сега туку веднаш после промената на Уставот. А тоа дека нема да се случи е гарант ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно пратеничката група бидејќи власта нема две третини во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Гази Баба.

— реклама —

Мицкоски истакна дека за Македонија да ги почне преговорите потребно е да се промени Уставот, односно Преамбулата, а потоа според документот Заеднички став на ЕУ ќе биде свикана меѓувладина и ќе биде усвоена предлог преговарачката рамка, но Уставот нема да се промени затоа што ВМРО-ДПМНЕ го гарантира тоа и бара измени во преговарачката рамка.

- Дека нема да биде сменет Уставот бројни бројноста на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се 44 пратеници плус пратеници од опозицијата, кои се противат на ова. Така што владата во овој момент нема две третини што значи дека предлог преговарачката рамка останува предлог преговарачка рамка и неусвоена. За да биде усвоена ние бараме измени во членот 5 алинеја 4 каде што таа се повикува на билатералниот договор и Протоколот кој што го потпиша Бујар Османи и протоколите кои ќе ги потпише, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека лага е на СДСМ и ДУИ дека се гласало за модифициран предлог, бидејќи нивните пратеници не знаеја што гласаат затоа што Протоколот кој е составен дел од последниот предлог не им беше даден за да прочитаат.

Мицкоски уште еднаш повтори дека во суштина станува збор за дипломатска капитулација и нокаут и отворена врата за преговори на Албанија и подзатворена за Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања