Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, тие се против Европа, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski02012023

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, под заложништво на Левица, се против сите стратешки одлуки, против Европа и европскиот пат на државата, вели СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ. Напротив, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, ширеа хистерија, организираа насилни протести.

— реклама —

Заедно со својот коалициски партнер Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи, туку напротив, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет.

— реклама —

Не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа и се против членството во ЕУ. Уште една потврда за тоа е што не делегираа претставници во работните групи.

— реклама —

Како што се однесуваа кога државата стануваше членка на НАТО, продолжуваат со деструкциите и за евроинтеграциите.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица е против секоја важна стратешка и државничка одлука.

СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена, ниту пак да се врати назад', се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања