„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема школо без вакцина - родителите најавуваат тужби за државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_8756

Кривични пријави за директори на основни училишта, за дел од министрите, како и тужба пред Управниот суд поднеле 60тина родители, чии што деца не биле запишани во градинка или училиште, поради тоа што не биле вакцинирани, објави 24.mk.

— реклама —

Ѕвонко Давидовиќ, кој е еден од адвокатите кои ги застапува родителите, вели дека одлуката на Владата за забрана за упис на невакцинирани деца во училиштата се коси со законот за основно образование и се кршат човековите права. Ако не е исполнет услов за запишување на децата во училиште, родителот може да добие прекшочна пријава, но не може мерка да биде забрана за упис, порачува Давидовиќ.

- „Директорите на училиштата поведени од некој си допис на Министерството за здравство, во ситуација каде Министерот за образование мирува и не си ги презема надлежностите имаме една шаренолика слика низ Македонија каде што дел од училиштата ги примаат учениците иако не се вакцинирани, дел го одбиваат уписот, но не на начинот кој е задолжителен во законот за основно образование, значи да има Комисија, таа Комисја да достави решение во кое ќе се наведат причините. Вие можете да поведете прекршочна постапка против родителот кој можеби не ги вакцинирал од некои причини децата, но не можете да го одбиете на уписот во училиштата. Министрите за здравство образование и труд и социјала сериозно треба да размислат што ќе преземат затоа што не можат една група на граѓани да маргинализираат а особено во делот на правото на образование“, вели  адвокатот Давидовиќ за   24.mk.

— реклама —

Текстот во целост на:  24.mk.

HFwZRm6qvH4

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања