Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нема спас за криминалците, пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ за ништење на правната држава, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
120190420_222432

Со Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се прогласени за недозволени, вели СДСМ

— реклама —

„Незаконската аболиција со која Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити криминалнци од одговорност пропадна.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Пред домашните судови продолжуваат сите предмети, а независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.

— реклама —

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите остануваат врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество.

— реклама —

Продолжуваме со спроведување на потребните реформи кои ќе обезбедат уште поголема независност и професионалност на правосудството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања