Промени тема
Контакт

Нема веќе „Ќациленд“, шаторите се отстранети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library85k2nggf2vm9cVmbbfa
Х

Шаторите поставени пред Народното собрание на Србија, таканаречениот „Ќациленд“, се отстранети.

За време на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ најави отстранување на шаторите и од Пионирски парк

Српскиот претседател синоќа беше пред Народното собрание и тогаш изјави дека во наредниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирски парк.

— реклама —

Тој најави дека пред Народното собрание во наредните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“.

— реклама —

Исто така рече дека се очекува сообраќајот пред парламентот да се нормализира.

По повеќе од половина година просторот пред парламентот во Белград беше окупиран со шатори. Кампот, во јавноста познат под прекарот „Ќациленд“, првично беше поставен во Пионирски парк и беше претставен како израз на протест на контра-студенти кои „само сакаат да учат“.

— реклама —

Меѓутоа, барањата поради кои кампот првично беше формиран денес речиси се заборавени, а собраните таму од самиот почеток не беа само студенти. Со текот на времето, кампот се прошири и на платото пред Народното собрание, шаторите беа поставени и на коловозот, а смислата на оваа „населба“ станува сè помалку јасна — освен како некаква противтежа на студентските протести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

knez-mihailova-belgrad

„Берлин на Балканот“: Еве зошто туристите се воодушевени од Белград

Патувања | пред 1 ден

— реклама —
prajd

Без пријавени инциденти: Парадата на гордоста се одржа во Белград

Балкан | пред 2 седмици

media-library3j3k1upkah04f5i6azU

(Видео) Десет автомобили пеплосани во пожар во Нов Белград

Настани | пред 2 седмици

media-library9niv8up1tvljcFbA6Qf

(Видео) Дописникот за МРТВ и МИА натепан во Белград среде кафуле: Сѐ уште сум во шок

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања