„Немам личен автомобил“: Касами со објаснување за појавувањето со „БМВ Х7“ на лидерската средба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-library8uj8qrdhuogr8qG0l8a

„Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навредено“, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во врска со коментарите од јавноста откако се појави на лидерската средба во луксузен автомобил „БМВ Х7“.

— реклама —

Касами рече дека автомобилот му припаѓа на негов братучед и дека го користи и Движењето Беса.

— реклама —

„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса. Јавноста знае дека сум бил на вакви состаноци и во други прилики, без разлика дали во Владата или на состаноци на лидери со скапи автомобили, но уште еднаш кажувам дека го немам овој комплекс. Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, нагласи Касами.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања