„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Немањето на подземен катастар ги отежнува работите, но градежните работи ќе се завршат во предвидениот рок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kosta

Во моментов е постапка за распишување на шест тендери за летниов период кои треба да ги сработиме. Ќе  се менуваат тоалети по уличишта, ќе се менуваат подови. Во претходниот период за 12 милиони извршивме промена на крововите на 4 училишта, менуваме и дограма. Сега заврши тендерот за промена на дограмата во музичкото училиште, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

— реклама —

Градоначалникот додава дека во моментов има активни тендери за асфалтирање на тесни улички за крпење на ударни дупки.

„Големите проекти кои почнавме да ги работиме се два големи капитални проекти за нашиот град. Тоа е новиот влез во градот 15 ти корпус, каде рабоотиме заедно до ЈП за државни патишта, коловозот е финансиран од нив во износ од околу 28  милиони, а сите останати работи, изработка на атмосферска канализација, тротоари, велосипедски патеки, осветлување и потпорни ѕидови, сетоа тоа е од општинскиот буџет  и за тоа треба скоро 25 милиони. Овој проект е околу 60 тина милиони“, вели Георгиески.

— реклама —

Градоначалникот го образложува и вториот голем проект кој во моментов се изведува, а тоа е комплетната реконструкција на улицата Абас Емин.

„Таму сме при крај со првата фаза. Овој проект е многу тежок за работа. Работите одат многу споро. Ние немаме подземен катастар, има многу диви приклучоци. таму менуваме фекална, атмосферска и водоводна линија. Рокот за изработка е 13 месеци. За брзо ќе ја почнеме и втората фаза. Таму имаме средства од 600 000 евра од Европска банка за обнова и развој, а тампонирањето кога ќе завршат подземните фази ќе бидат од општинскиот буџет, околу 25 милиони“, вели Георгиски.

Инаку во тек е реконструкцијата и на улицата  „Прва македонска ударна бригада“, каде активностите се во понапредната фаза.

„Почнавме со реконструкции на улици во населба Христо Узунов. Ни следи комплетна реконструкција на Охридска бригада, улицата во касарната е готова пред асфалтирање. За овие проекти нема задолжувања, се се финансира од општинскиот буџет, ание како локална самоуправа сеуште ги плаќаме ратите за кредитот земен од минаната локална самоуправа, со кои се направија Питу Гули и Ристо Чадо“, вели градоначалникот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања