Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Немаше кој да слуша, а не барав ништо, освен народ и молитва во храмовите“ – сведоштво на дедо Партениј за почетоците на Бигорски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryk92kfh3jcgfc7demLyu

Епископот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, сподели лично сведоштво за почетоците на неговата духовна служба, кога, како што вели, храмот бил речиси празен, а денес е исполнет со верници.

Тој се присети на првиот Велики Петок, кога во црквата имало само неколкумина верници, меѓу кои и неговата мајка.

— реклама —

„Со голема ревност се трудев да го извршам целото богослужение според типикот… Службите беа многу долги, а уморот – неизбежен“, раскажува Партениј.

Во тие моменти, неговата мајка му укажувала да ги скрати службите поради малата посетеност и заморот.

— реклама —

„Отче, Господ знае дека сакаш сè да испееш… ама нема кој да те слуша, нема луѓе в црква“, му велела таа.

Сепак, Партениј вели дека уште тогаш, гледајќи од олтарот, во срцето ја имал визијата за преполн храм.

— реклама —

„Господи, дај по неколку години овој храм да биде исполнет со луѓе“, се молел.

Денес, како што истакнува, таа молитва се исполнила.

— реклама —

„Тоа е моето најголемо богатство. Не барав ништо друго – барав да има монаси, да има вистински верници, да се полнат црквите низ нашата Татковина“, порачува епископот Партениј.

Неговото сведоштво доаѓа како порака за истрајноста во верата и надежта дека духовниот живот може да се обнови, дури и кога почнува од празен храм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања