Министерката Рената Дескоска негира дека имала лични контакти со Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој е осомничен во случајот „Рекет“. Според неа, таа била на настани организирани од 1ТВ, а контактите биле службени.
„Моите лични контакти со Бојан Јовановски не постојат. Единствено сум била на два настани кои биле организирани од 1ТВ. Со вас имам многу повеќе контакти, а со него биле службени. По повод отворање на телевизијата и едногодишнина на телевизијата. Кога не поканивте вие на годишнина од емисијата, баш со министрите се нашаливме дали треба да ве прашаме како се финансира емисијата или дали смееме да одиме или не“, рече Дескоска во емисијата „360 степени“.