Неколку тепачки се регистрирани во полицискиот билтен на Министерството за внатрешни работи. Најголем дел се во Скопје, а има и во Велес, Струмица, Ресен, Битола.
„Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје, С.М.(37) од Скопје пријавил дека во 16.20 часот на ул.„Беласица“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Истиот ден, 14.00 часот во СВР Скопје, вработена во Домот „25 Мај“ пријавила дека штитеник на домот, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица“, велат од МВР.
Вчера бил натепан и малолетник.
„На 14.04.2023 во 23.00 часот во СВР Велес, Л.А.(38) од Велес пријавила дека околу 22.00 часот во двор на средно училиште во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, додаваат од МВР.
И ноќеска по полноќ, имало неколку тепачки.
На 15.04.2023 во 01.40 часот во СВР Струмица, Н.Ч.(45) од Струмица пријвил дека околу 01.20 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од Р.Б. и неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.04.2023 во 03.50 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(18) од Кавадарци затоа што околу 03.20 часот пред угостителски објект во Кавадарци физички го нападнал С.Т.(19) од с.Марена, кавадаречко. На 15.04.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во угостителски објект во Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т. и М.Т., двајцата од Ресен, од една страна и Ѓ.Г. и С.Г., двајцата од Ресен, од друга страна. На 15.04.2023 во 00.40 часот во СВР Битола, A.А.(39) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека на 14.04.2023 околу 21.30 часот во угостителски објект во селото бил физички нападнат од .Д.П. од с.Долно Оризари“, додаваат од МВР.