Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Неодговорност на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и лошо менаџирање со Лајка, вработените со месеци немаат земено плата, тврди Божиновска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
121546365_2638640743132118_524148423271260728_o-960x480-1

„Неодговорноста и лошото менаџирање со јавните претпријатија на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во Скопје, во изминатите неколку месеци, излегоа на виделина. Додека Арсовска троши 670 илјади евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата. Нема соодветни набавки на храна и медицински материјал кои веќе недостасуваат. Под знак прашање е функционирањето на Лајка“, вели Лилјана Божиновска, советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додава:

„Само неколку улични кучиња се третирани во изминатиот период, што е премалку а градот Скопје не прави ништо освен што сака и во ова јавни претпријатије да вдоми партиски кадар.

Работата на Лајка е клучна за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња а со овој начин на лошо управување тоа е загрозено.

— реклама —

Проектот со кој Лајка ја доби својата вистинска функција е проект на претходниот градоначлник, Петре Шилегов.

— реклама —

Системско решение за хуман третман на уличните животни со што започна да се решава деценискиот проблем со уличините кучиња во Скопје.

Лајка не само што доби нов концепт и систем на работа, туку целосно нов, модерен објект, станционар по сите светски и европски стандарди.

— реклама —

Со недомаќинско работење и лошо менаџирање за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Како советеници на СДСМ во Советот на Град Скопје бараме од Арсвовска веднаш да ги исплати сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања