„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Неофицијално: Села за Струга, Таравари се враќа дома – ќе се бори за Гостивар, Бујар Османи кандидат за Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
MixCollage-14-Jul-2025-02-56-PM-2698

Во рамки на договорот за распределба на градоначалнички кандидати во коалицијата „Европски фронт“, неофицијално дознаваме дека Зијадин Села ќе влезе во трката за Струга, додека Арбен Таравари, по пауза од еден мандат, се враќа во битката за Гостивар, каде веќе претходно беше градоначалник.

— реклама —

Поранешниот министер за надворешни работи, инаку по професија лекар – хирург, Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, а како што дознаваме, коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.

Партијата на Села ќе има кандидати и во Дебар, каде во игра е Тирон Јајага, како и во Арачиново со Дритон Небиу.

— реклама —

ДУИ пак ќе настапи со свои кандидати во повеќе општини: Еркан Арифи за Липково, Бајрам Реџепи за Тетово, Бесник Емшиу за Боговиње, Емир Сулејман за Желино, Аркин Јахији за Брвеница, Суат Шакири за Чашка и Алија Јаоски за Пласница.

Таравари и неговата политичка структура ќе настапат и во Врапчиште, каде ќе го поддржат Исен Шабани, како и во општина Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.

Официјална потврда од коалицијата засега нема, но очекувањата се дека договорот наскоро ќе биде обелоденет.

You said:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања