Промени тема
Контакт

Непостоечка фирма направила милионски профит од лифтови, власта да излезе и да каже која е таа фирма и кој ја помагал, вели Арсовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski21122021

Се што треба да знаат граѓаните за Република Македонија и за оваа влада, една непосточека фирма со сите пропратни фалсификувани документи да земе околу 90 тендери за лифтови во државните институции, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот кој вчера излезе во јавноста во однос на набавка и сервисирање на лифтови во државни институции од непостоечка фирма

Арсовски истакна дека владата треба да излезе и да каже која е таа фирма.

— реклама —

- Зошто ја кријат, зошто ја држат во тајност, зошто молчат? Непостоечка фирма сервисирала лифтови, аплицирала на тендери во сериозн и институции како медицински установи и притоа може да му се случи на некој од пациентите, може да настрада некој бидејќи не знаеме дали таа фирма правилно ги направила работите околу лифтовите, нагласи Арсовски.

— реклама —

Тој потенцираше дека тоа е се заради неспособноста на оваа влада, затоа што пред доаѓањето на СДСМ не сме слушнале дека имало непостоечка фирма што земала тендери.

— реклама —

- Но, откако дојде СДСМ бидејќи се им е сведено на бизнис на тендери во 4 очи, криминал и корупција, сега гледаме дека над 90 тендери земала непостоечка фирма. Треба да се види кој се е вмешан, а владата јавно да каже која е таа фирма, кој ја помагал затоа што морало некој од власта да ја помага и ова е сериозен скандал. Доаѓа фирма што не постои и зема милионски профит, рече Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања