Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Неповратни средства од ЕБОР за изградба на автопатите Скопје- Блаце и Кичево Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tevdovski

Изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, ќе ги финансира Европската банка за обнова и развој. Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.

– Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатот Скопје-Блаце и на Кичево-Гостивар, односно првата фаза Кичево-Букојчани, како и изградба на електронски патарини долж Коридорот 8 и на патот Миладиновце-Штип – рече Тевдовски.

— реклама —

Тој посочи дека се бараат и се обезбедени и грант средства за изградба на овие патишта. За Кичево-Букојчани преку Инструментот за Западен Балкан обезбедени се 20 милиони евра, додека за Скопје-Блаце се очекуваат грант средства од ЕБОР во износ од 27 милиони евра до крај на годината.

– Тоа се неповратни средства. Овие се добри проекти бидејќи ќе се гради инфраструктурата која ќе го придвижи и економскиот раст, но и ќе ги подобри условите за живот на граѓаните во нашата земја- вели Тевдовски.

— реклама —

Инаку ЕБОР во јавниот сектор во земјава финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на банката во овој сектор изнесува 622 милиони евра. Тевдовски и премиерот Заев учествуваа на Годишните средби на ЕБОР во Сараево.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања