Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Непријатно му било на Ковачевски кога видел дека македонското знаме е забрането на „Австралија опен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Непријатно му било на премиерот Димитар Ковачевски, кога дознал дека македонското знаме е забрането да се вее на „Австралија опен“. Тој кажа дека станува збор за техничка грешка.

„Прво непријатно е чувството и затоа веднаш реагиравме. Стигна извинување од Австралија, таа е наша пријателска земја. Станува збор за технички пропуст. Не треба да влијае на нашите односи. На натпреварот на Лина Ѓорчевска, имаше македонски знамиња“, кажа Ковачевски.

— реклама —

Тој кажа дека не треба да се лутиме на Австралија.

— реклама —

„Се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина“, рече Ковачевски.

— реклама —

Државното знаме на Македонија се најде во иста група со „забранетите” знамиња на Австралија Опен, меѓу кои се руското, белоруското, палестинското и израелското, јавува австралиското радио СБС на македонски јазик.

Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи, вчера, 14 јануари, на првиот ден од годинешниот гренд слем, на листот хартија прикачен на камерата на снимателите на Австралија опен во КИА арената, заедно со неколку други знамиња, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања