Промени тема
Контакт

Непрооден патот Ранковце - Герман поради снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
46489444_2227177410640257_739011773964746752_n

На 19.12.2021 година, регионалниот пат с.Ранковце-с.Герман, поради наноси од снег, не е прооден за ПМВ.

На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

На 15.12.2021 г. од 10 часот мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван - село Таринци, општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.

— реклама —

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

— реклама —

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања