Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Непрописно преминување и непропуштање пешаци - 175 прекршоци во сообраќајна контрола низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryanrnhoajmil6d3YOxlk

Министерството за внатрешни работи на 20 октомври спроведе акциска сообраќајна контрола на територијата на целата држава, насочена кон откривање прекршоци што ги прават пешаците, но и возачите во однос на пешаците. За четири часа, од 08:00 до 12:00 часот, биле констатирани вкупно 175 прекршоци.

— реклама —

Според информациите од МВР, кај пешаците најчест прекршок било непрописното преминување на коловозот, односно преминување на улицата на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин.

— реклама —

Кај возачите, пак, најчесто било констатирано непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Покрај овие прекршоци, во текот на контролата биле евидентирани и дополнителни 139 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

— реклама —

Од МВР апелираат до пешаците да ги користат обележаните пешачки премини и да ги почитуваат сообраќајните правила. Воедно, возачите се повикуваат да ја намалат брзината при приближување кон пешачки премини, да бидат особено внимателни и задолжително да им дадат предност на пешаците.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со акциските сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

policija-policaec-35

За два дена двапати фатен „мртов пијан“ зад волан: Битолчанец возел со 3,23, па со 3,50 промили алкохол

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
uapsen

Скопјанец приведен во прилепско: Во автомобилот пронајдени македонски рубини, марихуана и над 489 илјади денари

Македонија | пред 18 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Насилството во Македонија не стивнува: Девет пријави за физички напади во Скопје и Тетово

Македонија | пред 18 часа

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила на улицата „Борис Трајковски“, тешко повредена 76-годишна скопјанка

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања