Промени тема
Контакт

Нереди, насилство и дрога низ Охрид за Илинден: Четворица приведени во една ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
policacec-ohrid

Илинденската ноќ во Охрид помина со серија инциденти – од тепачки во казино до запленета дрога на спортски терени и улици. СВР Охрид информира за четири одвоени случаи во период од само неколку часа, со повеќе приведени лица.

Во 00:30 часот, на 2 август, во казино на улицата „Партизанска“, јавниот ред и мир бил нарушен со физички напад. А.Ф. од Охрид физички го нападнал сограѓанинот С.М. (34). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Неколку часа претходно, на 1 август во 21:50 часот, на спортски центар во Охрид, бил лишен од слобода Д.Д. (26) од селото Тремник, Неготинско. При преглед, кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја – сомнеж за дрога. Слична ситуација се случила и во 23:10 часот, кога полицијата го привела И.Ј. (41) од Охрид со иста материја во негово поседување.

— реклама —

Утрината, на 2 август во 05:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“, бил приведен и К.Г. (28) од Љубљана, Словенија. И кај него, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја.

— реклама —

Сите случаи се документираат и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања