Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нервоза кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, македонски јазик силно ќе ечи во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
received_587942509607818

Вчера во македонското Собрание целата jавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, се плашат од аргументите, од обраќањето на премиерот Ковачевски и говорите на пратениците од мнозинството, вели СДСМ.

„Ги видоа заклчоците, поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство со кои јасна е целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.

— реклама —

Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, без додавки, модификации, квалификации.

Сите нивни лаги, измислици, шпекулации, се поразени, потопени и затоа се нервозни.

— реклама —

Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, не се услов ниту дел од преговорите.

— реклама —

Тензиите и крвавите сценарија што свесно ги ширеа по улиците и не им успеаа, сакаа да ги пресликаат во Собранието, но не успеаја, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ тоа не го дозволи..

Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат и не сакаат дебата, затоа се нервозни.

— реклама —

Можат да свират, да прават врева, да се закануваат колку сакаат.Гласот на македонски јазик нема да го замолкне никој, ниту во македонското Собрание ниту каде било на друго место.

Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а деструктивците, осудените криминалци од ВМРО-ДПМН нема да ја закочат државата, таа продолжува по европскиот пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања