Промени тема
Контакт

Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222432

Расте нервозата во Белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието по налог на Мицкоски, се обидуваат да создадат тензии и инциденти, за да го одбранат криминалот, вели СДСМ

— реклама —

„Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки.

— реклама —

Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ се виновниците кои го предизвикаа инцидентот во Комисијата за европски прашања.

Но тоа не е прв пат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование, кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието.

— реклама —

СДСМ, како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања