Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“ – со вакви квалификации Демократската унија за интеграција ја оцени работата на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Од партијата тврдат дека за нешто повеќе од една година власта „ја уништила економијата, го саботирала европскиот пат и ги нападнала правата на Албанците“, обвинувајќи и за политички притисок врз коалициската групација ВЛЕН.

— реклама —

Според ДУИ, економските ветувања не се реализирале, посочувајќи дека минималната потрошувачка кошница достигнала речиси 69.000 денари, додека странските директни инвестиции, како што наведуваат, паднале за 61 процент и изнесуваат 468 милиони евра.

— реклама —

„Пазарот го оцени ова владеење со бегство на капитал, не со аплауз“, се наведува во соопштението.

Партијата оценува дека европскиот пат на државата останува блокиран не само поради надворешни фактори, туку и поради, како што велат, „активното одбивање на Владата да ги почитува постигнатите договори“.

— реклама —

Во реакцијата се тврди и дека Албанците, кои сочинуваат значителен дел од населението, се „мета на владините политики, а не партнери“, при што се доведуваат во прашање клучни елементи како Охридскиот рамковен договор, јазичните права и институционалната застапеност.

— реклама —

ДУИ упати и критики за улогата на ВЛЕН во власта, оценувајќи дека нејзините лидери се под политичка контрола.

Од партијата бараат „итна одговорност“, оценувајќи дека Владата „нема морален мандат да продолжи“ и дека граѓаните заслужуваат повеќе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања