Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Неспособната и деструктивна Арсовска нека се пресметува со струи и групи преку институциите на системот, а не да ги загрозува интересите и здравјето на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
danela

Поради неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска градот Скопје со денови тоне во ѓубре, вели СДСМ

— реклама —

„Згора на тоа кога градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на механизација од други општини од внатрешноста на Македонија почнаа да го собираат сметот, деструктивната Арсовска му забрани на ЈП Дрисла да дозволи тој отпад да го складира.

— реклама —

Со други зборови поради неодговорноста и политичкиот инает прави штети и го загрозува здравјето на граѓаните. Што би рекол народот ем шуто, ем боде. Ем не го собираше ѓубрето, ем не дозволува други тоа да го направат во интерес на народот.

— реклама —

Притоа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со далеку поскромни капацитети и ресурси се екипираа и организираа да ја завршат работата што е во надлежност на Градот Скопје.

Недозволиво е политичките игри на Данела, нејзините чести менувања на директори и расчистувања со коалициски струи кои сега ја поддржуваат, нејзините фрустрации и примитивизам да се удираат го грбот на граѓаните на Скопје.

Пресметките со струи, групи и поединци нека ги прави преку институциите на системот, а притоа да овозможи нормално функционирање на јавните претпријатија.

Скопјани бараат услуги од страна на Градот кои им следуваат. Доколку Арсовска не може да ги испорача нека си поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања