Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнаа на колена енергетскиот систем во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнаа на колена енергетскиот систем во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акомулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата.

— реклама —

За 50% се зголемени сметките за електрична енергија за домаќинствата, додека и за над 400% сметките за струја на компаниите.

— реклама —

Коморите и бизнис секторот секојдневно упатуваат апели до владата за помош за справување со енергетската криза, но од владата молк. Над 5500 правни субјекти ги затворија своите бизниси поради неспособноста на криминалната власт.

Додека владата се богати, народот се повеќе осиромашува. Граѓаните не знаат како ќе ја пребродат оваа зима, токму заради високите сметки за струја, а владата најавува дека и од јануари граѓаните треба да очекуваат ново поскапување на струјата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предложи план за ублажување на енергетската криза, но од владата категорично го отфрлија заради нивни хир, со оправдување дека имаат начин за справување со оваа криза.

— реклама —

На граѓаните им е јасно дека оваа влада е неспособна и нема план за излез од кризата. Антимакедонската СДС единствено гледа само како да наместат некој тендер, и како повеќе да украдат на грбот на граѓаните.

За многу скоро ова неодговорно работење ќе заврши. Граѓаните на следните предвремени избори ќе го казнат ова неодговорно работење на антимакедонската СДС и ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања