„Несреќа кај Ласкарци“: Ги изгубија блиските, а губат и надеж за правда бидејќи скоро година процесот е заглавен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Во однос на денешните медиумски изјави на дел од оштетените во предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај Ласкарци, Кривичниот суд ја информира јавноста, но и оштетените чив револт целосно го разбираме, дека:

— реклама —

Предметот на 21.12.2021 година е испратен на супервештачење во Бирото за судски вештачења, како надлежен орган кој треба да состави тим од вешти лица за изготвување на наодот, со оглед да претходно Техничкиот факултет во Битола одби да го изработи супервештачењето заради немање доволно вештаци.

— реклама —

Бирото за судски вештачења има побарано дозвола за увид во возилото, за да може да го финализираат наодот, која дозвола судот веднаш по добиеното барање, на 07.10.2022 година, им ја има издадено. Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата заради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29 – ти ноември.

— реклама —

Судот, со оглед да сеуште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод, сеуште не се вратени и судот нема Законски услови да продолжи со судењето.

Јавноста, но и оштетните во случајот, треба да знаат дека судот до овој момент има доставено 9 ургенции до Бирото за судски вештачење за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се завшри доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда. За сите ургенции, но и за одолговлекувањето од цела една година, судот го има известено и Судскиот совет на РСМ, а на неодамнешниот промотивен настан во судот, за случајот беше запознаен и свој став даде и Министерот за правда.

Заради сето тоа, оштетените треба да знаат дека судот заради сензибилноста на случајот ја водеше постапката со забрзано темпо и покрај ограничувањата од Ковид мерките. Медиумите и невладините оргнизации беа присутни на секоја расправа и е одговорено на сите барања од странките. Но, во овој момент судот, исто како и оштените и другите странки во постапката, веќе цела година е во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па заради тоа ги упатуваме оштетените, одговор да побараат и самото Биро со оглед да на нашите ургнеции, а и целиот медиумски интерес за предметот, не влијаат за побрзо завршување на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања