Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Несреќата во Кисела Вода добива црн биланс: Загинат работник, лекари се борат за тројца кои се на Ургентен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ
Скопје1.мк

Тешки последици по утринската несреќа во скопската населба Кисела Вода, каде тројца градежни работници беа затрупани при ископ на темели на градилиште на улицата „Козјак“.

— реклама —

Според неофицијални информации до кои дојде „Скопје1“, едно лице им подлегнало на повредите, додека тројцата повредени се во тешка состојба и се хоспитализирани на Ургентниот центар, каде лекарите се борат за нивните животи. Загинатиот е на возраст од околу 32 години.

— реклама —

Претходно, Центарот за управување со кризи информираше дека првиот повик за несреќата бил примен во 08:14 часот, по што веднаш биле алармирани сите надлежни служби. Само четири минути подоцна, лекар од Итната медицинска помош побарал дополнителна асистенција од Бригадата за противпожарна заштита за извлекување на затрупаните работници.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека настанот бил пријавен во 08:17 часот, по што започнала спасувачката операција. Во акцијата беа вклучени екипи на полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Причините за несреќата се утврдуваат, а се очекуваат и официјални информации за состојбата на повредените и околностите под кои дошло до трагедијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 1 час

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања