Младите охриѓани имаат капацитет да бидат носители на многу позитивни промени во нашиот град, тие се важен ресурс за иновации и развој. Нашата цел е да ги мотивираме да се вклучат во заедничката мисија да го направиме Охрид посакувано место за живеење и да создадеме услови за подобра иднина, истакна Емилија Нестороска , член на младината на СДСМ, на кој што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески..
Градењето на партнерство помеѓу општината и младите е единствениот начин на кој ќе се осигураме дека нашите политики се исправни и се однесуваат на вистинските потреби.
Имаме конкретни планови со кои ќе ја подобриме положбата на младите во Охрид. Ќе отвориме Канцеларија за млади која што ќе биде посветена на младите луѓе во сите сегменти на општественото живеење. Ќе ги вклучиме и ќе ги консултираме младите во донесување на одлуките на локално ниво, а ќе работиме на проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите во општината.
Канцеларијата ќе функционира како локален сервис за младите граѓани икако оперативно тело на локалната самоуправа кое ќе има за задача да ги афирмира младитеохриѓани и да ги вклучи во општественото делување.
Исто така канцеларијата ќе работи и како креативен центар кој ќе има за цел да им помага на младите во нивната професионална ориентација и да ги поттикне да се активираат во културниот и спортскиот живот на општина Охрид.
Канцеларијата ќе има за цел да го промовира значењето на волонтерската работа, да дава поддршка на младинските иницијативи и проектии да изнаоѓаначинза нивно финансирање. Таа ќе биде и главен иницијатор за креирање на општинска Стратегија за млади.
Младите во Охрид заслужуваат да одат напред, Охрид заслужува повеќе!
На 21-ви април да гласаме за нашиот Кандидат за Градоначалник, Д-р Константин Георгиески! Заедно напред! За Охрид, истакна Нестороска.