ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Нетпрес: Близок партиски човек на Заев дел од инцидент со полицијата во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Soobrakajci-policija

Доцна попладнето во текот на вчерашниот ден во кафулето „Манго“ во населбата Кисела Вода, се случил инцидент, при што дел од гостите грубо им се спротивставиле на полициски службеници, кои во моментот вршеле контрола.

— реклама —

Како што објави „Нетпрес“, во локалот, заедно со лицата кои ги навредувале полицајците, бил и поранешниот советник на Зоран Заев, Филип Андов Сокол, кој од неодамна е назначен за директор на затворот Шутка.

Групата почнала да се конфронтира со полицијата бидејќи кафулето требало да се затвори поради истекот на работното време. Со пцовки и закани кон полицијата, две лица кои седеле на иста маса со Андов одбивале да си заминат од кафулето, а расправијата се вжештила надвор, пред локалот.

— реклама —

Поднесени се прекршочни пријави, по четири различни основи за двајцата кои биле со Андов, но не и за него. Пријавите се за неносење маска, дрско однесување, непослушување наредба и оддавање на пијанство на јавно место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања