Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Неуспешен атентат во Црна Гора: млад Македонец пукал кон висок член на Шкаљарскиот клан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-08-15-at-23.01.48

Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, осомничен за вооружен напад врз висок член на криминалната група од Будва, поврзана со Шкаљарскиот клан. Станува збор за обид за ликвидација на 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан.

Според истрагата, минатата недела во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, Танасковски испукал два куршуми кон 56-годишниот Марко Љубиша, познат како Кан, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Нападот бил извршен од непосредна близина, но младоста и неискуството на напаѓачот ја спречиле ликвидацијата – при обидот да го извади оружјето, се лизнал на влажните плочки и промашил.

— реклама —

Полицијата утврдила дека осомничениот престојувал во хотелот под лажен идентитет, користејќи фалсификувана лична карта на име Јован од Србија, со цел да го следи движењето на целта и да го изведе нападот во погоден момент.

По нападот, Танасковски побегнал преку оградата на базенот и се изгубил во непознат правец. Од МВР на Црна Гора предупредуваат дека секој кој ќе му помогне или ќе го сокрие може да биде кривично одговорен.

— реклама —

Македонската полиција потврди дека е во координација со црногорските органи за расчистување на случајот. Кан, на кого веднаш му била укажана медицинска помош, е пуштен на домашно лекување.

— реклама —

Танасковски се товари за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материи и фалсификување документи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања