Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Неуспешниот митинг прати јасна порака, народот е против блокадите и антидражавното делување на Мицкоски, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Слабиот одѕив, лошата организација или со еден збор неуспешноста на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски упати јасна порака, вели СДСМ

„Граѓаните на Скопје и од целата држава вечерва на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека се против деструкции и блокади, не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори.

— реклама —

Ваквата постапка од народот е очекувана за СДСМ.

Првата цел на денешниот митинг беше обид за блокада на државата во клучни моменти и обид да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза. Таа цел не успеа туку доживеа целосен дебакл.

— реклама —

Сите чекори кои што се преземаа во изминатите неколку месеци беа со оваа цел, и за внатреша употреба во рамки на ВМРО-ДПМНЕ и пропаднатиот митинг покажа дека се прочитани од граѓаните.

Не може човекот кој брани криминал од епски размери, потврден со судски долуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец друго да понуди.

Човекот кој едно вели дома а друго надвор не може да биде опција за граѓаните, ниту за иднината.

— реклама —

Требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална и економска криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните.

Ништо ново од Мицкоски, граѓаните тоа го препознаа.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски има план, има решенија.

Политиките за подобрување на стандардот на граѓаните и соочување со предизвиците од кризата продолжуваат. Сите обиди за нови блокади и деструкции на Мицкоски преземаме обврска повторно да ги поразиме“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања