Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Невакциниранo девојче од Грција почина од болест искоренета пред 30 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
bebe-vakcina

Грчката медицинска заедница беше шокирана од веста дека осумгодишно девојче починало од дифтерија, заразна болест која била искоренета пред триесет години.

Локалните медиуми објавија дека девојчето, најверојатно, не било вакцинирано. Детето во средата било пренесено во болница во многу лоша состојба и лекарите не биле во можност да ја спасат.

— реклама —

Манолис Папасавал, раководител на педијатрија, рече дека девојчето најверојатно не ја примило тројната вакцина против дифтерија која требало да ја добие како двомесечно бебе.

Министерството за здравство го истражува случајот, а официјалните соопштенија се очекуваат наскоро. Последната смрт на дете предизвикана од дифтерија е забележана пред три децении.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања