Промени тема
Контакт

Неверојатна грешка на Донарума: За малку ќе си постигнеше автогол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-libraryqlqtskvofsa085K4wPY

Во шестата минута од натпреварот против Ковентри, голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, за малку ќе направеше неверојатен автогол по повратен пас од Абдукодир Хусанов.

Хусанов ја врати топката кон својот голман, но Донарума не реагираше најдобро. Ја запре топката, но таа продолжи да се движи покрај него и се упати кон гол-линијата.

— реклама —

Италијанскиот голман во последен момент успеа да реагира и да ја исфрли топката пред да ја помине линијата. Судијата Пол Тирни потврди дека топката не влегла во голот, па Манчестер Сити избегна еден од најбизарните автоголови.

— реклама —

Само неколку милиметри го делеа Сити од неверојатен гол без каква било интервенција на противнички играч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања