Промени тема
Контакт

Неверојатна сцена на УС Опен: Мечот прекинат на 6:1, 5:4 и 40:40 поради дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Спорт
media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ
фото: unsplash

Неверојатна сцена на УС Опен – мечот меѓу Дарија Касаткина и Паула Бадоса повторно беше прекинат поради дожд, и тоа во момент кога Шпанката беше на чекор до победата.

Бадоса води со 6:1, 5:4, а во последниот гем резултатот е 40:40, откако Шпанката не успеа да искористи две брејк, односно меч-топки. Токму во тој момент, дождот повторно ги прекина случувањата на теренот.

— реклама —

Организаторите на УС Опен имаат сериозни проблеми со временските услови во првите денови од турнирот. Покриви имаат само „Артур Еш“ и „Луј Армстронг“, па голем број мечеви на останатите терени се одложуваат или прекинуваат поради дождот.

Истиот проблем се појави и во вторникот, иако дел од натпреварите успеаја да завршат според планираното.

Мечот меѓу Касаткина и Бадоса ќе мора да продолжи во момент кога Шпанката има огромна предност и е на само еден освоен гем од пласман во второто коло.

— реклама —

Победничката од овој дуел во следната рунда ќе се соочи со Коко Гоф.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања