Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Невиден скандал: Во Тетово на Македонците им велат дека се под 20 отсто и затоа не можеле да добијат еднојазичен документ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izvod

Биљана од Тетово во својата општина не можела да извади документ само на македонски јазик и морала за тоа да оди до Скопје, објави МКД.мк. Во Тетово ѝ издавале само двојазичен документ, на македонски и на албански јазик, а на нејзиното упорно барање да ѝ биде издаден документ само на македонски јазик, за што има право, добила одговор дека Македонците во Тетово се под 20 отсто и не може да има еднојазичен документ, се додава во текстот.

Се работи за барање за уверение за слободна брачна состојба. Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат ваков документ само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.

— реклама —

Повеќе на Мкд.мк

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања