Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Невработеноста во Германија падна под три милиони, но кризата продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
metalni-rabotnici
Фото: Илустрација

Бројот на невработени во Германија во мај повторно падна под границата од три милиони, но пазарот на труд и натаму не покажува знаци на посилен и траен опоравок, соопшти германската Сојузна агенција за труд.

— реклама —

Според податоците на агенцијата, бројот на невработени се намалил за 58.000 во однос на април и изнесува 2,95 милиони лица. Сепак, тоа е за 31.000 повеќе во споредба со истиот период лани.

Стапката на невработеност во мај изнесувала 6,3 проценти, што е за 0,1 процентен поен помалку од април, но и натаму повисоко во однос на мај 2025 година.

— реклама —

Претседателката на Сојузната агенција за труд, Андреа Налес, изјави дека сезонското намалување на невработеноста не претставува значајна позитивна промена на германскиот пазар на труд.

— реклама —

Во текот на мај, во Германија биле пријавени 643.000 слободни работни места, што е за 8.000 повеќе во однос на минатата година.

Агенцијата со седиште во Нирнберг оцени дека побарувачката за работна сила се стабилизирала, но на релативно ниско ниво.

— реклама —

Бројот на корисници на надоместок за невработеност во Германија во мај достигнал 1,073 милиони, односно за 113.000 повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 23 часа

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања