Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Невработеноста во Германија повторно над три милиони лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Бројот на невработени во Германија во јули повторно ја надмина границата од три милиони, покажуваат најновите податоци на Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.

— реклама —

Во текот на јули биле регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во споредба со јуни и за 28.000 повеќе во однос на истиот месец минатата година.

— реклама —

Истовремено, стапката на невработеност се зголемила за 0,2 процентни поени и сега изнесува 6,4 проценти.

Членот на Управниот одбор на Федералната агенција за вработување, Даниел Терценбах, изјави дека растот на невработеноста главно се должи на сезонски фактори, но предупреди дека слабите движења на пазарот на трудот продолжуваат веќе неколку месеци.

— реклама —

Во Германија бројот на невработени традиционално се зголемува во јули поради почетокот на летниот период. Голем број млади по завршувањето на образованието или стручната обука привремено остануваат без работа, дел од договорите за вработување истекуваат на крајот од кварталот, а работодавачите често го одложуваат новото вработување до завршувањето на сезоната на годишни одмори.

— реклама —

Границата од три милиони невработени последен пат беше надмината во април, кога во Германија беа евидентирани околу 3,008 милиони лица без работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања