Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Невработеноста во Македонија се намали на 11,2 проценти, без работа се 89.593 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Македонија
administracija

Бројот на невработени во Македонија продолжува да се намалува и во третото тримесечје од 2026 година достигнал 89.593 лица, што е за 0,5 проценти помалку во споредба со претходното тримесечје и за 2,4 проценти помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

— реклама —

Активното население изнесува 797.775 лица, од кои 708.182 се вработени. Стапката на невработеност е 11,2 проценти, додека стапката на вработеност изнесува 46,5 проценти.

— реклама —
— реклама —

Бројот на вработени е зголемен за 0,4 проценти на годишно ниво. Мажите сочинуваат 57,6 проценти од вработените, а жените 42,4 проценти. Кај невработените, учеството на мажите е 62,1 процент, наспроти 37,9 проценти жени.

— реклама —

Во истиот период се евидентирани 103.177 неформално вработени лица, што претставува зголемување од 2,1 процент во однос на претходното тримесечје. Повеќе од половината, односно 56,4 проценти, работат во земјоделството, шумарството и рибарството, додека 16 проценти се во градежништвото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

zavod-za-statistika

Во 2021 невработеноста изнесувала 15.7 отсто

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања