Изминатите 24 часа најмногу врнежи во радовишкo, беровско, штипско, скопско и светиниколско. Силен дожд, ветер и грмотевици вчера попладне го зафатија Скопје и Скопската Котлина, како и други градови во Македонија.
Од УХМР предупредија дека невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град ќе има и во ноќните часови.
Освен помали штети во Скопје, невремето предизвика штети и во Битола и Охрид.