„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Незаконски работи и најмладиот градоначалник? Стојан Николов заработи кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
stojan-nikolov

Кривични пријави за градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, и претседателот на Советот на општината Ристо Јошев. Против Николов е поднесена пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ како и поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “, додека за Јошев е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “.

— реклама —

Николов во јавноста е познат и како најмладиот градоначалник во Македонија, бидејќи на функцијата стапи на само 24-годишна возраст.

— реклама —

Како што информира МВР, Одделот за внатрешни работи Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел кривична пријава против Николов (28) и Јошев (61). На седница на Советот на општината, одржана на 28 февруари годинава, било утврдено дека Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка документација за 2023 година, која била изгласана на 30 јануари со 39 точки и без потпис на претседателот на Советот, подоцна била изменета. Допишана е уште една, 40-та точка, која Јошев ја потпишал, овозможувајќи Урбанистички проект за производство на асфалт во катастарската општина „Манастирец“ да се внесе во програмата без одобрение и гласање од советниците.

— реклама —

Покрај оваа пријава, ОВР Кавадарци поднесе и уште една против Николов, поради сомневање за „бесправно градење“. Според наводите, тој во својство на градоначалник овозможил да започне реконструкција – промена на сообраќајниот режим на влезот во Росоман – без решение за реконструкција, без одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти и без основен проект – фаза градежништво, спротивно на Законот за градење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања