Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Незаконско вработување и исплата на плати во Македонски Брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija-22

Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод  поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52)  и Г.М.(51), сите од  Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —

На 30.10.2006 година првопријавениот, како  градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод.

— реклама —

Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, првопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во општина Македонски Брод. Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари.

Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка ,,7-ми Септември“ Македонски Брод,  спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица.

— реклама —

Исто така, во текот на  2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а  потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања