Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nezavisni-pratenici

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес и придобивки, велат од независната пратеничка група.

— реклама —

Тие преку медиумите се обратија до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека разговорите кои јавно се објавуваат меѓу Мицкоски и Милески покажуваат кој гласал во Собрание по сопствено убедување, а кој бил платен и имал лична корист за да го прави тоа. Велат дека Мицкоски им ветувал: „Со мене ќе ви биде подобро“, а всушност, причината била предметот „Империја“.

„Очигледно е дека без срам, Мицкоски ги лажеше и нашите сопартијци на кои им велеше дека главниот интерес е да ги заштити нив од прогон. Но нам државата ни беше пред неговите закани и тоа ‘дали влакно од косата ќе ни фали или не’. Дволичноста и лицемерието на Христијан Мицкоски сега ги слушна и јавноста.

— реклама —

Иако одамна сме разочарани од тоа што ѝ се случува на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, сепак, не очекувавме дека Мицкоски може да оди дотаму, да кочи закони за да штити криминал, со цел финансиски бенефит. Мицкоски нè обвинуваше нас дека сме зеле пари да гласаме, а тој се слуша дека само гледа личен интерес. Јавноста сега се увери дека ние одбивме да постапиме спротивно на интересите на нашата држава и нашиот народ, како што тоа го правеа други наши колеги по нарачка од Мицкоски.

Нели е срамно Мицкоски по митинзи да се фали дека ќе ја врати правдата, која всушност тој сакал да ја продаде за да му плаќаат долгови и автобуси? До кога ќе се лаже и понижува сопствениот народ за лични интереси?!

Заложбата на нашата пратеничка група беше предметите кои ги водеше специјалното јавно обвинителство за сторен криминал да добијат судски епилог и да се знае кој е виновен, а кој обвинет без докази. Успеавме во тоа и покрај сите притисоци, но и закани кои ги добивавме во тој период и се присутни и денес, а доаѓаа од мала група луѓе, по нарачка на ним познати лица.

Носењето на Законот за Јавно обвинителство беше нотирано како значаен успех по европскиот пат на нашата татковина. Со него, се елиминираат политичките влијанија, какви што гледаме дека ги имало во минатото. Ние ја обезбедивме правната држава која Мицкоски сакаше да ја урниса.

Притисоците кои Мицкоски ги правел врз некои од колегите пратеници и за други закони кои биле во собраниска процедура ќе излезат на виделина, бидејќи на лагата ѝ се кратки нозете. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имало сила и луѓе со визија, за да ја променат партијата на подобро. Тоа ќе го кажат и тие околу Мицкоски на 15 јули, кога очигледно е дека тој ќе доживее дебакл“, нагласуваат од Независната пратеничка група.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања