Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Независни за Карпош“ ќе настапат со граѓанска листа на локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
izbori-makedonija-Copy

Групата „Независни за Карпош“ соопшти дека на претстојните локални избори ќе учествува со сопствена граѓанска листа. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина,“ наведуваат тие во објава на Фејсбук.

— реклама —

Според нив, таа флексибилност, која ја сметаат за клучна за ефикасноста, е далеку потешко остварлива во рамки на поголеми групи или партии, каде процесот на донесување одлуки е подолг и често бара компромиси на сметка на локалните потреби.

Од „Независни за Карпош“ посочуваат дека приклучување кон политичка партија отсекогаш им било последна опција за излез на избори и дека, сè додека има можности за зачувување на нивната независност и принципите на граѓанското дејствување, ќе ги користат тие патишта.

— реклама —

Тие потврдија дека се повлекуваат од иницијативата за заедничко формирање политичка партија со други независни групи. „Конфузијата и неизвесноста за независните иницијативи создадени од партиите нема да нè одвратат од нашата визија и посветеност да понудиме решенија за квалитетен живот на граѓаните на општина Карпош,“ стои во објавата.

Во пораката упатуваат честитки и желби за успех до независните иницијативи кои продолжуваат со процесот на создавање партија „Независни заедно“, како и до сите новоформирани партии и листи. Притоа, нагласуваат дека остануваат отворени за соработка со нив и со сите други граѓански иницијативи и чинители со кои споделуваат заеднички теми и каузи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања