Промени тема
Контакт

Независниот синдикат за образование и наука бара поголеми плати во образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
skolo
Илустрација

Независниот синдикат за образование и наука бара од Владата и Министерството за образование и наука уште овој месец да имплементираат покачување на плата соодветно на покачувањата на плата извршено во детските градинки уште во јуни.

— реклама —

На пресот кој се одржа пред Министерството за образование и наука, потпретседателот на синдикатот Енвер Ајдини истакна дека платите на просветните работници се под државниот просек и стојат во место, освен незначителното ланско зголемување од пет отсто. Тоа покачување, рече Ајдини, не ги реши проблемите во образованието, а наставниците се на маргините на егзистенцијата и немотивирани за работата.

— реклама —
— реклама —

Од Независниот синдикат за образование и наука соопштија дека заедно со Конфедерацијата на синдикални организации ќе ги планираат идните чекори, а истовремено најавија дека ќе упатат барање за средби со претставници на Министерството за образование и наука и министерот Адеми Арбер.

— реклама —

Само за потсетување платите на стручниот кадар во градинките, почнувајќи од јуни годинава, пораснаа за околу 15 %, или по околу 3.000 денари по вработен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања