Независните од ВМРО-ДПМНЕ открија каде е снимен разговорот со Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nezavisni

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди јавното објавување на аудио снимките на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници дека не е добро да гласаат за Законот за Јавно обвинителство.

— реклама —

„Го осудуваме ваквиот нечесен пристап кон нас, снимање и јавно објавување на разговори кои се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, која се одржа во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собрание, и на истата беше присутен и тој. Бараме од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции“, се вели во соопштението.

Во однос на снимките, посочуваат независните пратеници, појаснуваме дека на „Јутуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а пак средбата и разговорот со господинот Мицкоски траеше подолго.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања