„Аниса и Мелиса се уште не се пронајдени.. Секоја информација ќе ни биде од голема помош..Ве молам споделувајте ја фотографијата…. Најважно е да се споделува фотографијата и да допре до се поголем број на луѓе“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
12-годишната Аниса од Скопје е исчезната од завчера. Родителите кои го пријавиле случајот во полиција и на социјалните мрежи објавија повик за помош.
Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.
МВР го потврди случајот и посочи дека како исчезнато се води и другото постаро девојче со иницијали М.К. кое почесто исчезнувало од домот и ја враќале назад.
Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Гази Баба, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена, пишува „Макфакс“
Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.
Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.