Основното јавно обвинителство во Охрид сè уште нема отворено нов предмет против советникот Нефи Усеини за нападот на професорот Илјаз Илјази, кој се случи пред речиси еден месец. Оттаму велат дека од СВР Охрид сè уште не им е доставено известување ниту, пак, кривична пријава. Илјази, откако беше натепан од Усеини, со лекарски извештај потврди дека имал видливи повреди и отоци поради удари во пределот на главата. „До нас не е доставено известување или кривична пријава“, велат од ОЈО за „А1он“.
Никој не го гони Усеини за тепачките, а ОЈО не знае за нападот врз Илјази
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 7 години -
Македонија