Промени тема
Контакт

Никој нема да биде поштеден од одговорност, вели Тупанчески за ножевите, телефоните и дрогата во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
NAD_6599

Министерот за правда Никола Тупанчески на денешната прес конференција информираше за координираната акција во текот на вчерашниот ден која беше спроведена во КПД Идризово, а во која при претересот во затворските простории беа пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, психотропни супстанции и недозволени материи. По комплетирање на документите доколку се утврди одговорност ќе се бараат оставки на сите чинители.

,,Никој нема да биде поштеден од одговорност.Би требало да има градација на одговорност затоа што тука не се работи за дисциплинска одговорност. Постапката за именување и разрешување на директор на КПУ е утврдена со закон. Таму е јасно наведено дека доколку некој не ги исполнува условите тогаш не може да зборуваме за професионализација на затворскиот менаџмент”рече Тупанчески.

— реклама —
— реклама —

Министерот Тупанчески информираше и за неодамнешната посета на Комитетот за борба против тортура и нечовечко понижување и постапување во затворите во чии извештаи имаше сериозни забелешки за дел од затворскиот менаџмент кој според нив не ги исполнуваат условите за извршување на функцијата.Пораката беше пренесена и до Министерството за правда , заедно со другите институции да се отпочне со отстранување на недостатоците.

— реклама —

,, Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција за девијантните појави. Ова е шанса да се отпочне со подобрување на состојбите во затворите” порача Тупанчески. Министерот Тупанчески информираше дека претерсот во КПД Идризово не бил селектиран.Координирани акции во казнено поправните установи ќе има и во наредниот период а секое именувано лице ќе сноси одговорност доколку стори кривично дело за злоупотреба на службената положба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања