Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Николоски: Ако остане Владата на Заев нема да добиеме датум за преговори ни следната година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nikoloski-press

Сметаме дека е добро што десетта година по ред Македонија добива позитивна препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е добро и таа препорака треба да се реализира. Досега осум препораки не се претворија во почеток на преговори за членство заради противењето на Грција во однос на спорот со името и ветото кое што тие го поставуваа, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата година Заев и Димитров се согласија на срамниот Преспански договор за преименување на Македонија. Сепак и покрај тоа и покрај потпишувањето на договорот на 16-ти јуни веќе на 29-ти јуни датум за почеток на преговори за членство во ЕУ немаше иако тоа беше најголемото ветување кое што Заев и Димитров го дадоа.

— реклама —

Годинешнава повторена препорака само покажува дека минатата година и Заев и Димитров како и Владата лажеа дека има датум за почеток на преговори за членство. А, нема затоа што нема реформи. Немаше реформи минатата година како што нема реформи и оваа година.

— реклама —

Како што стојат сега работите за жал и оваа година нема да има датум за почеток на преговори. Значи спорот со Грција го нема, но сепак нема датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

— реклама —

Ако во минатото проблем беше спорот, а не изостануваа реформите, сега веќе изостануваат реформите. Нешто што го гледа целиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Лагите се проѕирни и излегоа на виделина.

Само да се потсетиме на стотиците изјави и интервјуа каде владата велеше дека добила датум за почеток на преговори за членство во ЕУ минатата година. Да се потсетиме дека минатата година на 30-ти јуни Зоран Заев рече:

„Добивме датум за преговори јуни 2019 година“.

Еве го јуни дојде, а датум за преговори нема. Ако лани лажеа и вината ја префрлаа на други, оваа година слушаме изјави од типот ЕУ да си го одржи зборот. Како ЕУ да е некој пазарџија кој што треба да си го одржи зборот. Или слушаме како луѓе блиски на оваа власт напаѓаат пријатели на Македонија, големи европски држави обвинувајќи ги за оваа состојба и не сакајќи да се погледнат себе и да погледнат кон себе.

Вистината е дека датум немаше и за жал датум нема да има, затоа што нема реформи во клучните области. Нема реформи тоа го констатира ЕУ, тоа го констатираа земјите членки на ЕУ, а тоа секојдневно го живеат граѓаните на Република Македонија.

И овој извештај јасно потенцира слабости во многу сектори. Пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.

Извештајот констатира за постоење на корупција, што е потврда на сите меѓународни извештаи за Македонија. Кои земјата ја рангираа како најкорумпирана држава во Европа. Во извештајот стои: „Корупцијата е предоминантна во многу сектори, и Владата не покажува, а треба да покаже

дека борбата со корупцијата е национален приоритет“.

Ова не мора да ни го каже ни ЕУ, ова за жал го гледаме како што реков секаде околу нас.

Би сакал исто така да ја потенцирам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во односна овој извештај. Постојат сектори во кои што јасно се потенцира улогата на ВМРО-ДПМНЕ низ својот придонес кој што го дадовме во Собранието за подобрување на многу реформски закони и затоа сакам да им честитам и да им се заблагодарам на пратениците.

Во исто време сакам да кажам дека мината година некаде во април споменав дека дури и да се реши спорот со името во јуни нема да има датум за почеток на преговори затоа што Македонија не испорачува реформи.

Тогаш тоа беше наречено научна фантастика и за жал потоа во јуни се случи.

Минатата година исто така во ноември кажав дека со ова ниво на реформи и следната година, а тоа е оваа година нема да има датум за почеток на преговори. За жал се поизвесно е дека датум за преговори нема да има и овој јуни и оваа година.

Еве сега кажувам ако остане оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. Затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.

Затоа решението е едно и едноставно владата да замине и да дојде влада способна и посветена да испорача прво за доброто на граѓаните, потоа и за она што е потребно како барање на ЕУ, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ затоа што нашето место е таму, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања